Зидан е спремен на се за да го доведе својот сонародник на „Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.
Меѓутоа медиумите најавуваат дека Реал нема да се откаже и веќе спремил нова понуда. Имено, Флорентино Перез е спремен да понуди 85 милиони евра плус двајца фудбалери.
Станува збор за Хамес Родригез и Маријано Дијаз. Двајцата играчи му де допаѓаат на Солскјер, а не се во плановите на Зидан.
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по напаѓач и креативен офанзивец, но прашање е дали ќе ја прифатат оваа понуда бидејќи за потписот на Погба бараат 150 милиони фунти.