Дома Топ вести Реал Мадрид испрати човек во Париз по Нејмар

Реал Мадрид испрати човек во Париз по Нејмар

Висок претставник на Реал Мадрид денес отпатувал во Париз каде во последните часови се водат сериозни преговори за трансфер на Нејмар, пренесува „Марка“.

Според весникот кој е близок до Реал Мадрид, кај „кралевите“ е зголемен оптимизмот после средбата, иако не се откриени детали од сумата за која двата клуба преговарале.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Реал се убедени дека во моментов се фаворити за потписот на Нејмар поради лошите односи кои ги имаат ПСЖ и Барселона. Каталонците пак се потпираат на самиот Нејмар кој преферира преселба на „Камп Ноу“.

Меѓутоа, Нејмар сака по секоја цена да си замине од ПСЖ и сигурно нема да го одбие трансферот на „Сантиаго Бернабеу“.

Другиот мадридски весник „АС“ пак пишува дека во Реал се е спремно за големиот трансфер и дека „кралевите“ нема да имаат проблем да му понудат плата од 37 милиони евра на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Жиру веќе потпиша за новиот клуб

Според информациите од Италија, Оливие Жиру дефинитивно го напушта Милан на крајот од сезо…