Дома Фудбал Реал Мадрид имал шест понуди на маса за Марко Асенсио, но…

Реал Мадрид имал шест понуди на маса за Марко Асенсио, но…

Иако во последните неколку месеци се пишуваше дека Марко Асенсио би можел да го напушти Реал Мадрид, се чини дека до тоа нема да дојде.

23-годишниот Шпанец претходната сезона одигра 44 натпревар за Кралевите во кои постигна 6 погодоци и запиша 9 асистенции.

Зинедин Зидан најави ремонт на екипата на Реал ова лето, но помеѓу играчите кои ќе го напуштат Сантијаго Бернабеу сепак нема да биде левото крило на овој клуб.

Шпанската радио станица Кадена САР јавува дека Реал Мадрид одбил шест понуди кои пристигнале за Асенсио.

Според извештаите, помеѓу еден од клубовите кои биле заинтересирани за играчот бил и Ливерпул, но од трансфер нема да биде ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Петмина Италијанци на тенок мраз: Жолт картон против Франција носи пауза

Донарума, Бастони, Фаџоли, Вергара и Скамака мора да внимаваат против Франција – нов жолт …