Дома Топ вести Реал Мадрид го сака Азар уште во јануари!

Реал Мадрид го сака Азар уште во јануари!

Реал Мадрид во јануари ќе се обиде да ја донесе ѕвездата на Челзи, Еден Азар, тврдат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веќе подолго време се шпекулира дека следната дестинација на Азар ќе биде Реал Мадрид, но „кралевите“ не сакаат да чекаат до лето и ќе се обидат да го донесат Белгиецот уште во јануари.

Раководството на Реал има неколку варијанти како да го убеди Челзи да го пушти Азар. Имено, „кралевите“ се спремни да го дадат Иско и Ковачиќ, плус пари за потписот на Азар.

Иско не е задоволен од својот статус во Мадрид и сака да ја промени средината, а Челзи е силно заинтересиран за неговиот потпис.

Како што е познато Азар одбива да го продолжи договорот со „сините“, па Челзи на лето ќе биде примиран да го продаде. Поради тоа не е исклучена можноста да ја прифати понудата на Реал уште во јануари, со цел да го добие потписот на Иско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…