Дома Топ вести Реал Мадрид го најде наследникот на Рамос

Реал Мадрид го најде наследникот на Рамос

Серхио Рамос веќе 15 години е главен играч во одбраната на Реал Мадрид, но јасно е дека влегува во поодминати години.

И оваа сезона шпанскиот дефанзивец е еден од најдобрите играчи на „кралевите“, иако има веќе 34 години и понатаму игра во одлична форма. Меѓутоа неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона и се уште нема најави дека ќе биде продолжен.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Тешко е да се верува дека Реал ќе си дозволи да го изгуби Рамос, но шпанските медиуми откриваат дека „кралевите“ веќе го пронашле неговиот наследник.

Станува збор за дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес. 23-годишниот Шпанец веќе се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и доби репрезентативен статус.

Откупната клаузула на играчот на „жолтата подморница“ е 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа цена преку преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП🎥

На натпреварот помеѓу Италија и Албанија беше испишана историја на европските првенства. И…