Реал Мадрид сериозно се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Салцбург, Доминик Собослај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ ќе продолжат со стратегијата од последните години да привлекуваат млади таленти, па сега на врвот на листата желби е 20-годишниот унгарски репрезентативец.
Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра.
За Собослај силен интерес покажуваат Милан и Арсенал, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот би можел да се комплетира уште во јануарскиот преоден рок.