Дома Трансфер зона Реал Мадрид влегува во трката за еден од најбараните фудбалери во Европа

Реал Мадрид влегува во трката за еден од најбараните фудбалери во Европа

Листатан а клубови кои се заинтересирани за играчот за врска на Лион, Набил Фекир е се подолга.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации, после Арсенал, Челзи, Ливерпул, Барселона и Баерн во трката за 25 годишниот Французин ќе се вклучи и европскиот шампион Реал Мадрид.

Наводно, „кралевите“ го означиле Фекир како една од главните мети и ќе се обидат да го доведат веќе во јануари.

Сегашниот договор на Фекир со Лион има важност до 2020 година и сосема е јасно дека „Лавовите“ наскоро ќе го продадат.

Минатото лето Фекир беше на излезни врати од клубот. Арсенал и Ливерпул наводно нудеа околу 60 милиони евра, но претседателот на Лион Жан-Мишел Аулас го стопираше трансферот.

Фекир за Лион дебитираше во 2013 година и од тогаш одигра 170 натпревари и постигна 64 погодоци. Оваа сезона на 16 настапи за Лион запиша четири асистенции и шест пати ја тресеше противничката мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…