Реал Мадрид и ПСЖ се силно заинтересирани за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
24-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.




После заминувањето на Каземиро, Анчелоти верува дека неговиот сонародник ќе биде идеална замена и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.




ПСЖ исто така покажува интерес и спрема план како да го донесе Бразилецот во Париз следното лето.




Секако, нема да биде лесно да го убедат Њукасл да го пушти бидејќи клубот има големи финансиски ресурси, но двата клуба се спремни да платат 80 милиони евра.