Дома Трансфер зона Реал би го довел Мбапе, но само бесплатно?

Реал би го довел Мбапе, но само бесплатно?


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Како да нема крај на шпекулациите за Килијан Мбапе и Реал Мадрид, а сега од Шпанија пристигнуваат нови информации.

Реномираниот „АС“ пренесува дека Килијан Мбапе би можел во Реал Мадрид само за „нула“ евра. Претходно францускиот „Л’Eкип“ објави дека Мбапе нема да ја активира клазулата за автоматско продолжување на договорот кој му завршува летото 2024 година.

Тоа би значело дека Реал треба да почека само уште една година и да го доведе Мбапе бесплатно. Мбапе има 24 години и секако дека може уште долги години да игра фудбал на највисоко ниво.

Во минатиот преоден рок Мбапе веќе беше виден во Мадрид, но тогаш неочекувано одлучи да го продолжи договорот и потпиша договор 2+1. Сезонава францускиот голгетер постигна 40 голови на 41 натпревар во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најдобриот дефанзивец од Серија А се сели на „Олд Трафорд“

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ Дефанзивецот на Нап…