Дома Фудбал Рашфорд за спектакуларниот гол: Овие топки се такви, одат горе-доле (ВИДЕО)

Рашфорд за спектакуларниот гол: Овие топки се такви, одат горе-доле (ВИДЕО)

Вчера Манчестер Јунајтед го победи Челзи на „Стенфорд Бриџ“ и така се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот.

Најголеми заслуги за пласманот на Манчестер Јунајтед во следната фаза има Маркус Рашфорд. Рашфорд беше стрелец на двата гола за Јунајтед, едниот го постигна од пенал, а другиот од слободен удар.

После натпреварот Рашфорд зборуваше за неправилното движење на топката.

„Ваквиот гол е поради топките. На тренинзите вежбавме и сфативме дека топките одат горе-доле и на тој начин можат да завршат било каде. Сега јас имав среќа и мојот шут заврши во мрежата“, изјави Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го врза Ѓулер до 2032: Нов договор и повисока плата за Турчинот

Арда Ѓулер ја продолжи соработката со Реал Мадрид до 30 јуни 2032 година, откако се наметн…