Дома Фудбал Раул призна: Овој Реал е најдобар во историјата!

Раул призна: Овој Реал е најдобар во историјата!

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез е импресиониран од тимот кој моментално го предводи Зинедин Зидан.

Легендарниот напаѓач смета дека актуелниот состав на Реал Мадрид е најдобриот во историјата на „кралскиот“ клуб.

„Му честитам на Зидан за начинот на кој ја врши својата работа. Тимот мора да продолжи со работа и да се бори за да ги задоволи навивачите на Реал“, истакна Раул.

Раул во Реал помина цели 18 години, со овој клуб шест пати беше шампион на Шпанија и три пати ја освои ЛШ и уште многу други трофеи.

„Мислам дека актуелниот состав е најдобар во историјата на Реал, но присуството на Зидан како тренер е исто така многу важно. Тој е клучен елемент во системот и заслужува огромни пофалби. Без неговите способности овој усех не би бил можен“, заклучи легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мак Алистер сака да остане, но Ливерпул засега нема план за нов договор

Аргентинецот откри дека минатата сезона добил порака оти не се планира продолжување на сор…