Дома Фудбал Репрезентации Расплаканиот Роналдо, паненката на Пирло, блесокот на Руни…Се сеќавате ли на овие историски моменти од европските првенства? (ВИДЕО)

Расплаканиот Роналдо, паненката на Пирло, блесокот на Руни…Се сеќавате ли на овие историски моменти од европските првенства? (ВИДЕО)

Oва лето нема да има Европско првенство во фудбал бидејќи УЕФА го одложи натпреварувањето за една година поради коронавирусот.

Епидемијата од Ковид-19 е толку сериозна што завршувањето на фудбалските првенства ширум Европа се под знак прашалник. Европско ќе нема, па затоа ние ќе ве потсетиме на некои незаборавни моменти од претходните собири на најдобрите европски селекции.

Прославата на Пол Гаскоњ против Шкотска

Прославата на голот на Гаскоњ против Шкотска на Европското првенство во 1996 година на многумина им остана во сеќавање. Напаѓачот на Англија легна на тревата, а соиграчите му истураа вода на лицето алудирајќи на лудата забава која ја имаше Гаскоњ пред почетокот на првенството. На тој турнир Англија како домаќин стигна до полуфиналето.

„Паненката“ на Пирло

„Фудбалот се игра со памет, нозите се само алатка“, изјави во една прилика маестро Пирло. Својата раскошна уметност Пирло ја покажа против Англија кога Италијаните беа пред испаѓање во пенал рулетот. Тогаш Пирло се потсети на моментот од 1976 година кога Чехословачка ја победи Западна Германија со голот на Анонио Паненка и стана шампион на Европа.

Грција Европски шампион

Феномен кој тешко може да се објасни. Грција како апсолутен аутсајдер дојде на ЕП во 2004 година и успеа да ги исфрлија Шпанија, Чешка, Франција и во финалето да слави против домаќинот Португалија. Голот на Харистеас беше најава дека трофејот оди кон Грција, а младиот Роналдо остана во солзи.

Прославата на Балотели против Германија

Контроверзниот Балотели против Германија го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата. Постигна гол со вистински проектил, а неговата радост беше еден од највпечатливите моменти на ЕП 2012 година

Магијата на Златан

Со зборови тешко може да се опише голот на Ибрахимовиќ во натпреварот помеѓу Шведска и Италија во 2004 година.

Италија го победи СССР со фрлање паричка

Денес во фудбалот може да се слушне како некој тврди дека пеналите се неправеден начин да се реши победникот. Што да се каже тогаш за методата која се применуваше до 1968 година? Италијанците стигнаа до финалето после фрлањето паричка откако после 120 минути немаше победник во натпреварот против СССР.

Тинејџерот Вејн Руни

Вејн Руни играјќи за Евертон го привлече вниманието на Англичаните, а целиот свет започна да го запознава во 2004 година. Младиот Руни беше втор стрелец на турнирот со четири гола. Неговиот учинок ќе беше и подобар ако не се повредеше.

Зидан против Португалија

Репрезентациите на Франција и Португалија се бореа за место во финалето на Европското првенство во 2000 година. Натпреварот заврши 1:1 па се пристапи кон продолженија. Одлучувачкиот момент беше голот на Зидан од белата точка. Пеналот беше досуден после играње со рака на Абел Хавиер. Португалецот доби суспензија од шест месеци поради жестокот протсетирање, а натпреварот освен тоа остана запаметен и по мајсториите на Зидан.

Хет-трикот на Давид Виља против Русија

Давид Виља со настапот против Русија ја најави доминацијата на Шпанија на големите натпреварувања. Виља во победата над Русија од 4:1 постигна три гола и стана само осмиот играч со еден хет-трик на европските првенства.

Пеналот на Герет Саудгејт

Без оглед на совршените резултати кои ги постигнува како селектор на Англија, тој ќе се памети и како еден од ние кои го растажиле англискиот народ.

Мануел Аморос

Многу пред Зидан да го удри со глава Матераци, неговиот сонародник Аморос направи нешто многу полошо. На Европското првенство во 1984 година ги изгуби нетвите после стартот на Јаспер Олсен. Прво го гаѓаше со топката, а откако го промаши следуваше удар со глава. Се обиде да ја оправда својата постапка, но не можеше да избегне исклучување.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Преговорите помеѓу Милан и Рангник во застој

Преговорите меѓу Милан и поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Рангник се во застој, прен…