Дома Фудбал Останато Расистички скандал го тресе Пари Сент Жермен

Расистички скандал го тресе Пари Сент Жермен

0

Пари Сент Жермен се наоѓа во центарот на голем скандал. Откако ги избегнаа санкциите за финансискиот фер-плеј, нов случај може да го раздрма клубот. Се појавија наоди дека од 2013 до 2018 година била правена расна дискриминација.

Имено, академијата на францускиот клуб своите тимови ги пополнувала со одредени „расни“ квоти, па многу таленирани деца со црна боја на кожата морале да го напуштат клубот, тврдат француските медиуми.

Еден од примерите е и малиот Гбохо, У18 репрезентативец на Франција кој тврди дека со 13 години го избркале од клубот затоа што е со африканско потекло.

Целиот скандал излезе на виделина откако беа откриени тајните документи на „Football Leaks“, каде беа откриени и сомнителните трансакции на пари кај ПСЖ и Манчестер Сити.


Следете го Sportski.mk и на


Парискиот клуб се уште се нема официјално изјаснето за наводните на овој расистички скандал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис: Каков успех е тој ако позајмиш 200 милиони евра да купиш еден играч?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се обиде да се сочуствува со разочараните на…