Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон вчера потврди дека го напушта Јувентус по завршувањето на сезоната, но најверојатно нема да оди во пензија.
40-годишниот Буфон призна дека има примамливи понуди и дека конечната одлука ќе ја донесе следната недела.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми информираат дека најконкретната понуда е од Пари Сент Жермен кој на легендарниот голман му понудил двегодишен договор „тежок“ 8 милиони евра по сезона.
Буфон истакна дека доколку продолжи да игра тоа ќе биде во клуб кој има највисоки амбиции бидејќи сака да се натпреварува на врвно ниво.
Пари Сент Жермен му го нуди токму тоа и ќе му ја довери улогата на прв голман во наредните две години.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката на Џиџи, но италијанските медиуми се оптимисти дека ќе ја прифати понудата и ќе се пресели во Париз.