Дома Трансфер зона Рамос потврди дека заминува, а веќе добил понуда вредна 100 милиони евра!

Рамос потврди дека заминува, а веќе добил понуда вредна 100 милиони евра!

Серхио Рамос веќе потврди дека го напушта Пари Сен Жермен по две години поминато во овој клуб, денешниот натпревар за шпанскиот дефанзивец е последен во дресот на овој клуб.

„Сабота ќе биде посебен ден за мене – ќе се збогувам со уште една фаза од мојот живот, со Пари Сен Жермен. Ме очекуваат нови предизвици, ќе носам нов дрес“, порача Рамос преку социјалните мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Рамос го потврди и претседателот на клубот, Ал Келаифи.

Би сакале да му се заблагодариме на Рамос за двете години што ги помина со нас. Серхио е вистински лидер и неговиот тимски дух и професионализам во комбинација со искуство на највисоко ниво го прават вистинска фудбалска легенда. Беше чест да го имам во Париз. Сите во клубот му посакуваат се најдобро“, изјави Ал-Хелаифи.

По потврдата за заминување шпански „АС“ објави дека Рамос кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија во редовите на Ал Хилал, наводно овој клуб веќе му доставил понуда од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Постигнат договор, Лукаку се сели во Наполи

Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Како …