Дома Фудбал Репрезентации Рамос му врати на Ловрен: Некои сакаат само да бидат на насловните

Рамос му врати на Ловрен: Некои сакаат само да бидат на насловните

Капитенот на шпанската репрезентација Серхио Рамос на вчерашната пресконференција на својата репрезентација пред дуелот со Хрватска кратко ги прокоментира неодамна кажаните зборови од Ловрен против него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да потсетиме, Ловрен неодамна изјави дека Рамос греши повеќе од него, но дека тоа луѓето не го приметуваат бидејќи Реал победува, а капитенот на Реал и Шпанија не остана должен.

„Не сакам никој да критикувам или да одговарам на такви фрустрирачки коментари. Некои луѓе само сакаат да бидат на насловните, а јас сум таков каков што сум. Мило ми е што тренерите имаат само добри зборови за мене и што имаат верба.“ – изјави Рамос.

Да потсетиме, Шпанија пред два месеци на домашен терен ја порази Хрватска со 6:0, а утре на Максимир хрватите ќе се обидат да им се осветат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…