Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Рамос брутално искрен: Како да сме на погреб, а не на Мундијал…

Рамос брутално искрен: Како да сме на погреб, а не на Мундијал…

0
ramos

Тешки зборови на капитенот на Шпанија на денешната конференција.

Отказот на Лопатеги на само неколку дена пред првиот натпревар на Шпанците на Мундијалот против Португалија ги вознемири фудбалските фанови на Пиринеите.

Како негов наследник беше именуван Фернандо Јеро, а дефанзивецот на „Црвената Фурија“ не криеше дека атмосферата во овој момент во екипата не е на потребното ниво.

„Како да сме на погреб, а не на Мундијал“, брутално искрено започна Рамос на денешната конференција.


Следете го Sportski.mk и на


„Сакам со насмевка да го завршиме ова патување, мораме да свртиме нов лист, бидејќи овој баш и не толку пријатен. Лопатеги беше дел од она што го остваривме, но Шпанија е над секого. Мислам дека во овој момент не можевме да добиеме подобра замена од Јеро“.

„Не треба да се фокусираме на одлуките на другите луѓе, туку да мислиме на она што е наша работа – играта на теренот. Кога ќе заврши натпреварувањето, тогаш можеме да зборуваме. Нема промена на планот, тука сме за да го освоиме Мундијалот“, објасни Рамос.

Првиот натпревар Шпанците го играат веќе утре и тоа против европскиот шампион Португалија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Манчестер Јунајтед за дебито против Челзи си доби судија по „мерка“ – „сините“ сигурно ќе имаат што да кажат!

Челзи и Манчестер Јунајтед во сабота ќе го одиграат саботното дерби од деветото коло во ан…