Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарите за пласманот на Мундијалот ќе бидат наградени со богата премија

Ракометарите за пласманот на Мундијалот ќе бидат наградени со богата премија

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија со херојска победа над селекцијата на Фарски острови во бараж реваншот од 34:26 во преполната сала „Борис Трајковски“ обезбеди деветто учество на Светските првенства.

Ракометарите предводени од селекторот Кирил Лазаров ја анулираа негативата од првиот меч од седум голови од гостувањето во првиот меч и извојуваа уште една историска победа во еден бараж двомеч со кој го продолжуваме континуитетот на учества на големите натпреварувања.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Македонија во јануари во 2025 ќе биде дел од СП во Хрватска, Данска и Норвешка и според најавите ќе биде во третиот шешир.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), како што најави уште во март, за пласманот на Мундијалот на нашите најдобри ракометари ќе им одреди парична награда во висина од два милиони денари нето износ за пласманот на СП 2025.

Ракометарите заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, по реваншот со Италија, го славеа пласманот на Мундијалот.

Потсетување дека истата премија од два милиони денари нето износ беше одредена и за најдобрата македонска женска ракометна репрезентација која успеа преку квалификациите да обезбеди учество на Европското првенство кое ќе се одржи годинава во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал експресно најде замена, во Мадрид доаѓа најталентираниот дефанзивец во Европа

Примарна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде централниот дефанзивец на француски …