Дома Фудбал Германија Раководството на Баерн го контактираше Тухел

Раководството на Баерн го контактираше Тухел

0

Раководството на Баерн Минхен го контактирале тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел, пренесува „Скај Германија“.

После отказот на Нико Ковач Баварците се во потрага по нов тренер, па се распрашувале дали Тухел би бил во можност веднаш да се пресели во Минхен или следното лето.

Пари Сент Жермен не сака да го пушти тренерот и порачал дека Тухел сигурно ќе остане во крајот на сезоната, а после тоа неговата иднина во Париз ќе зависи од резултатите.

Германскиот стратег во 2018 година седна на кормилото на ПСЖ и има договор со „светците“ до 2021 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ангеловски: Резултатите потврдија дека оваа генерација е најдобра

Во последното квалификациско коло денес во Скопје го победивме Израел и оваа победа на Мак…