Дома Трансфер зона Ракитиќ призна: Имав понуда од ПСЖ!

Ракитиќ призна: Имав понуда од ПСЖ!

0

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ призна дека имал понуда од Пари Сен Жермен во текот на летото, но одлучил да остане во Барселона.

Ова лето медиумите силно шпекулираа со евентуален трансфер на Ракитиќ во ПСЖ, а самиот фудбалер сега призна дека имал понуда од францускиот клуб.

„Во последниве месеци прочитав се што е напишано за мене. Вистината е дека имав понуда од Пари Сен Жермен. Имав предлози кои не беа толку конкретни и од други големи тимови кои ме сакаа. Можам да потврдам дека разговарав со мојот агент и дојдов до заклучок дека сум среќен што сум дел од Барселона. Знам дека можеби е прашање на време, но не беше моментот да ја напуштам Барселона“, изјави Ракитиќ за шпанските медиуми.

„Време е за Барселона повторно да се искачи на врвот во Европа. Секој во клубот има огромна желба да триумфира во Лигата на шампионите. Ова е нашата огромна цел оваа сезона“, додаде Хрватот.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Марота ефект: Интер ги „брка“ играчите кои Јувентус ги следеше!

Џузепе Марота со работа ќе продолжи во редовите и се чека само официјална потврда, а сега …