Дома Актуелно Ракитиќ верува: „Јувентус ќе помине како и ПСЖ“

Ракитиќ верува: „Јувентус ќе помине како и ПСЖ“

Барселона игра лошо. После поразот од Јувентус од 0:3 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Барса во 32то коло од Ла Лига го пречека Реал Сосиедад и едвај, незаслужено победи со 3:2.

Гостите во Барселона имаа поголем посед на топка и требаше да освојат барем бод. Меси со два гола и една асистенција ја спаси бедната Барса.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во иста состојба како и целата екипа се наоѓа и Иван Ракитиќ, кој ја игра најлошата сезона во кариерата. Во првиот натпревар од четвртфиналето на ЛШ беше спор, незаинтересиран, пропустлив во одбрана, а без допринос во нападот.

И покрај тоа што Барса игра и изгледа лошо, Ракитиќ е оптимиста пред возвратниот дуел со Јувентус во среда на домашен терен:
„Апсолутно веруваме во себе дека во реваншот против Јувентус можеме да го направиме истото како и против ПСЖ (Барса го победи ПСЖ со 6:1 после поразот од 0:4 во првиот натпревар, з.а.) и да надокнадиме 0:3. Навивачите се со нас. Заедно можеме до пресврт.“

 

VIDEO Juventus vs Barcelona Highlights & Goals

 

Barcelona 3 – 2 Real Sociedad

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Mиовски конечно блесна во Ренџерс, погоди за водство! (Видео)

Maкедонскиот репрезентативец, Бојан Миоввски вечерваа по критиките во изминатиот период го…