Дома Фудбал Разликата на прошталните фотографии на Суарез и Ракитиќ е очигледна

Разликата на прошталните фотографии на Суарез и Ракитиќ е очигледна

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез денес се прости од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Атлетико вчера околу полноќ го официјализираше трансферот на Суарез од Барселона. Денес Суарез се прости од Барселона на прес-конференцијата и солзите не можеше да ги сокрие. Тоа најдобро зборува колку тешко му падна заминувањето од клубот. Јасно е дека не замина по своја желба или поедноставно клубот го избрка.

Дека работата помеѓу него и претседателот не е добра покажува и споредбата на прошталната фотографија со Ракитиќ.

Ракитиќ со трофеите се сликаше и заедно со Бартомеу, додека на фотографијата на Суарез Бартомеу го немаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…