Дома Фудбал Останато Радикална промена: Финалето од ЛШ ќе се игра надвор од Европа!?

Радикална промена: Финалето од ЛШ ќе се игра надвор од Европа!?

Новиот претседател на УЕФА, Александер Чеферин е отворен за идеата финалето од Лигата на Шампионите да се игра надвор од Европа.

Словенецот, кој пред неколку месеци го наследи Мишел Платини на чело на европската куќа на фудбалот, планира да се распише конкурс на кој секој град ќе може да достави понуда.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Да одите од Португалија до Азербејџан, на пример, е речиси исто како и да стигнете до Њујорк. Тоа е европски турнир, но ајде да размислиме за тоа“, изјави Чеферин.

Но освен тоа, ЛШ размислува и ова натпреварување да се игра за викендите, што ќе биде исклучително тешко, со оглед на тоа дека во тие термини екипите играат домашни натпревари.

„Од финансиска гледна точка термонот на натпреварите не е идеален. Треба да размислуваме и за другите пазари, но како точно да го направиме тоа, сеуште не сум сигурен. Кина има финансиски интерес, додека САД нема финансиски интерес, но таму фудбалот се развива“, објасни Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…