Дома Фудбал Работно во Интер: Потпис на нов договор денес ставија шестмина фудбалери!

Работно во Интер: Потпис на нов договор денес ставија шестмина фудбалери!

Италијански Интер после поразот од Барселона, денес заврши важни работи.

Екипата на Интер денес објави дека е продолжена соработката со шестмина фудбалери.

Договорот со клубот од Милано денес ги продолжија Марсело Брозовиќ, Матијас Весино, Антонио Кандрева, Жоао Миранда, Хенрик Далберт и Роберто Гаљардини.

Договорите до јуни 2022 ги обврзуваат Брозовиќ и Весино, Кандрева се обврза на верност од една година помалку, а до 2023 потписи ставија Далберт и Гаљардини.

Договорот на Миранда има важност до 2020 година.

Финансиските детали засега не се објавени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канатларовски ја спореди школата на Вардар од 1985 со односот на младите денес

Драган Канатларовски се наврати на лекциите од поискусните соиграчи во Вардар и на разлики…