Дома Фудбал Останато Работата станала сериозна: Сопругата на Колашинац поради закани побегнала од Лондон

Работата станала сериозна: Сопругата на Колашинац поради закани побегнала од Лондон

Кон крајот на јули се случи филмско сценарио на улиците во Лондон – разбојници го нападнаа Месут Озил, но тука беше Сеад Колашинац да го одбрани својот соиграч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата играчи на Арсенал влегоа во големи проблеми. Разбојниците наводно сакале да им ги украдат часовниците, но Колашинац тргна на нив и така го одбрани Германецот, но и самиот се стави во проблеми.

Изгледаше дека се завршило кога разбојниците избегаа на мотори, сепак не е така. Знаејќи за кој се работи дошле до информации каде ќе бидат играчите на лондонскиот клуб, па во изминатите неколку денови се обидувале да им наштета.

Поради сите овие проблеми Арсенал ги изостави двајцата за гостувањето кај Њукасл, а во четвртокот вечерта пред домот на Озил биле уапсени две лица.

„Се мислеше дека разбојниците ги сакаат само часовниците, но на играчите сега им е кажано дека сакаат се што имаат. Станува збор за гангстери кои сакаат да покажат дека не се исплашиле“, наведе извор близок на семејството на еден од играчите за „Сан“.

„Преплашената сопруга на Колашинац која е родена во Босна избегала во Германија“, пишува „Сан“.

Сеад и Месут после овој инцидент се под 24 часовна заштита од полицијата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…