Дома Фудбал Останато „Пукнаа“ емоциите кај Рибери за Видал: Брате, ни сам не знаеш колку ќе недостасуваш!

„Пукнаа“ емоциите кај Рибери за Видал: Брате, ни сам не знаеш колку ќе недостасуваш!

Искусниот француски фудбалер, Франк Рибери емотивно се прости од Артуро Видал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чилеанскиот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во Барселона, а неговото заминување тешко му падна неговиот соиграч Франк Рибери кој очигледно имал посебен однос со поранешниот играч н Јувентус.

„Брате, ни сам не знаеш колку ќе недостасуваш! За мене ти си најдобриот човек и вистински пример за вредности и принципи. Горд сум што играв со тебе. Ти посакувам се најдобро во иднината, ти си вистински војник и тоа навистина е реткост во нашата професија“, гласи прошталната порака од Рибери до Видал.

Видал во понеделник ќе ги помине лекарските прегледи по што ќе стави потпис на три години. Чилеанецот во Баерн настапуваше од 2015 година, одигра 79 натпревари и постигна 14 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато зошто Инкапие доби црвен картон: Применето ново правило, видено само еднаш (Видео)

Одбранбениот играч на Еквадор, Пијеро Инкапие, доби директен црвен картон во завршницата н…