Дома Фудбал Останато ПСЖ убеден дека ќе успее да го задржи Мбапе

ПСЖ убеден дека ќе успее да го задржи Мбапе

Раководството на ПСЖ и понатаму не губи надеж дека ќе успее да најде споразум со Килијан Мбапе за продолжување на соработката.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни и голема е веројатноста ѕвездата да си замине на лето без обештетување. Голем интерес за него покажува Реал Мадрид и токму тој клуб се споменува како негова следна дестинација.

Меѓутоа, од ПСЖ продолжуваат да веруваат дека ќе го убедат Мбапе да потпише краткорочен договор. Семејството на фудбалерот во моментов преговара со клубот и сигналите се позитивни.

Според „ЕСПН“ Мбапе е отворен за можноста да потпише краткорочен договор во кој ќе има откупна клаузула и да остане извесно време во Париз.

Во исто време во Реал Мадрид не губат надеж дека ќе го доведат Мбапе, бидејќи веќе имаат договор со неговиот менаџер. Прашање е дали ќе го доведат како слободен агент или Мбапе ќе потпише договор па „кралевите“ ќе мора да платат обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погреши ли ВАР со голот на Бензема?

На полувремето во Париз помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид нема голови, најинтересниот момент с…