Дома Топ вести ПСЖ тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

ПСЖ тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

ПСЖ е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ПСЖ е во потрага по нова ѕвезда во нападот, а најголема желба на Луис Енрике е токму Аргентинецот.

Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал. Одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот за Аргентина и веднаш доби нов договор во Манчестер Сити со повисока плата.

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.

Има понуди од неколку европски гиганти, но тој преферира преселба во Париз.

Манчестер Сити нема лесно да се откаже од Аргентинецот, но ПСЖ е спремен да понуди 90 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…