Тимот на Ајакс игра фантастична сезона, одобено во Лигатана шампионите, па многу фудбалери на холандскиот клуб го привлекоа вниманието на европските гиганти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еминентниот француски весник „Екип“ пренесува дека Пари Сент Жермен сака да ја „копира“ Барселона и да донесе двајца таленти на Ајакс.
Со оглед на фактот што Барселона веќе го обезбеди потписот на Френки де Јонг и е многу блиску до комплетирање на трансферот на Матијас де Лихт, ПСЖ ќе се насочи кон други двајца фудбалери.
Имено, „светците“ покажуваат сериозен интерес кон Давид Нерес и Дони ван де Бек, кои играат исклучителна сезона и го привлекоа вниманието на многу европски гиганти.
22-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона, па во сите натпреварувања постигна 12 гола и запиша 15 асистенции. Покрај ПСЖ силен интерес за Нерес покажуваат уште Баерн Минхен и Тотенхем, па неговата цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.
„Светците“ ќе имаат силна конкуренција и за потписот на холандскиот играч за врска, бидејќи за Ван де Бек од поодамна интерес покажуваат Тотенхем и Борусија Дортмунд.
Поради тоа ПСЖ сака што е можно побрзо да ги договори трансферите и да ја победи конкуренцијата, а најсилен адут е нивната финансиска моќ.