Дома Фудбал ПСЖ потврди: Мбапе нема да игра против Баерн

ПСЖ потврди: Мбапе нема да игра против Баерн

Лошите најави за ПСЖ по вчерашната повреда на Мбапе денес беа потврдени, Французинот ќе го пропушти првиот натпревар против Баерн во Лигата на шампионите.

ПСЖ потврди дека по повредата која ја заработи против Монпелје Мбапе ќе биде надвор од терените три недели.

Мбапе заработил повреда на мускулот и поради тоа беше заменет уште во 21. минута, а претходно двапати промашуваше од белата точка.

Паузата од три недели значи дека Галтие нема да го има на располагање Мбапе во првиот натпревар против Баерн од двомечот во Лигата на шампионите. Тој натпревар се игра на 14-ти февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…