Тинејџерот Ламин Јамал блесна ова лето на Европското првенство и се етаблираше во најголем фудбалски талент во светот.
Тој уште минатата сезона во тимот на Барселона најави дека има неверојатен талент, а многумина веќе го споредуваат и со Лионел Меси.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Агентот на Дани Олмо, Енди Бара, откри дека Барселона одбила понуда во вредност од 250 милиони евра од ПСЖ за Јамал.
„Знам дека Барселона одби одлична понуда од околу 250 милиони евра за Ламин Јамал од ПСЖ“, изјави Бара.
Барселона во него гледа идна ѕвезда на светскиот фудбал и наскоро ќе му понуди нов договор.