Дома Топ вести ПСЖ повеќе не крие: Го сакаме Меси!

ПСЖ повеќе не крие: Го сакаме Меси!

Како што се наближува времето за истекот на неговиот договор се повеќе и повеќе се зборува дека Меси ќе ја напушти Барселона и ќе премине во редовите на ПСЖ.

Француските медиуми веќе подолго време пишуваат дека ПСЖ почнал да работи на трансферот на Меси и дека имал средби со неговиот татко.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Денес на оваа тема конечно проговори и директорот на „светците“, Леонардо, кој не крие дека ПСЖ го сака Меси.

„Големи играчи како Меси секогаш ќе бидат на листата на желби на ПСЖ. Ние седиме на масата на која се сите клубови кои внимателно ја следат ситуацијата со Меси. Всушност, ние не седиме на таа маса, туку на нашето столче има резервација, за секој случај. Но, сега не е време да зборуваме за тоа“, изјави Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…