Пари Сент Жермен остварува одлични резултати оваа сезона, но тренерот Томас Тухел сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Француските медиуми пренесуваат дека гермнаскиот тренер сака играч за врска од светска класа и му доставил на раководството список со три имиња.
На листата со желби се наоѓаат Пол Погба, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Нголо Канте, но доколку не се слободни тие играчи, тогаш ќе се обиде да го ангажира Френки де Јонг од Ајакс.
ПСЖ е доминантен во француското првенство, но главната цел е триумф во Лигата на шампиони, па за да успее во таа цел Тухел сака уште еден врвен играч за врска.
Во прилог на „светците“ им оди и новото правило на УЕФА, па новите фудбалери ќе можат да бидат пријавувани за ЛШ, иако играле со друг тим.