Дома Топ вести ПСЖ не запира, следен е Варан

ПСЖ не запира, следен е Варан

Пари Сент Жермен е исклучително активен на трансфер пазарот, па после Вајналдум и Донарума сега ќе тргне по дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот Французин влезе во последната година од договорот и му порачал на претседателот Флорентино Перез дека не сака да ја продолжи соработката.

Варан одлучил да ја промени средината, а прв фаворит за неговиот потпис е Пари Сент Жермен, иако интерес покажува и Манчестер Јунајтед.

„Ле Паризиен“ објави дека ПСЖ е подготвен да издвои околу 60 милиони евра за Варан, сума која ќе ги задоволи финансиските апетити на „кралевите“.

Варан пристигна во Реал Мадрид во 2011 година и во десет сезони на „Сантиаго Бернабеу“ испиша историја со „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…