Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс сериозно размислува да ја промени средината, пренесуваат шпанските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.




Најсилен интерес за него покажуваат ПСЖ и Ливерпул. „Светците“ во него гледаат идеален наследник на Мбапе, кој е на излезна врата.




„Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а ПСЖ е спремен да ја плати таа сума.




Жоао Феликс во 2019 година пристигна во Атлетико за рекорден трансфер од 127 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.