Дома Фудбал ПСЖ му даде се, а Мбапе повторно „удри“ јавно по клубот!

ПСЖ му даде се, а Мбапе повторно „удри“ јавно по клубот!

Во последните денови во ПСЖ во центарот на вниманието е Меси поради неговиот лош однос со навивачите, меѓутоа сега се појавува нов проблем во Париз и тоа со Килијан Мбапе.

ПСЖ откако му даде услови како што нема никој друг, Мбапе повторно најде што да им замери на „светците“ и тоа јавно го сподели.

Имено, ПСЖ искористил интервју на Мбапе да го стави во промотивна кампања, а фудбалерот не бил информиран. Мбапе на својот Инстаграм профил објави соопштение во кое порачува дека не се согласува со објавеното видео.

„Во ниту еден момент не бев информиран за содржината на интервјуто. Изгледаше како обичен „клупски маркетинг“. Не се согласувам со објавување на ова видео и се борам за моите индивидуални права во однос на фотографиите и видеата. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но не е Килијан Сен Жермен“, објави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…