Дома Фудбал ПСЖ мораше да го стопира трансферот на Рафаел Гереро

ПСЖ мораше да го стопира трансферот на Рафаел Гереро

ПСЖ во претходните денови се обиде да го заврши трансферот на Рафаел Гереро, но тешко дека до тоа ќе дојде.

Имено, тие се многу задоволни од сезоната која ја имаше овој фудбалер и сакаа да го доведат во своите редови. Самиот играч се согласил да се пресели во ПСЖ, но шампионот на Франција беше принуден да го стопира трансферот.

Причината е финансискиот фер-плеј, бидејќи Борусија Дормтунд бара околу 25 милиони евра, што претставува проблем за ПСЖ. Изгледа дека овој траснфер ќе мора да почека до зима, а до тогаш би можеле да доведат некого за нешто помалку пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две победи не ги сокрија слабостите: Леко допрва треба да го среди Динамо

Џерко Леко донесе енергија и резултати, но триумфот во Вараждин покажа дека Динамо сè уште…