Дома Фудбал ПСЖ и Јунајтед во борба за крилото на Јувентус

ПСЖ и Јунајтед во борба за крилото на Јувентус

Даглас Коста е на мета на англискиот и францускиот великан.

Крилниот фудбалер на Јувентус е на мета на два клуба, а Le10Sport тврди дека ПСЖ е сериозно заинтересиран за услугите на Бразилецот, кој го следи и Манчестер Јунајтед.

Бразилецот имаше доста проблеми оваа сезона – повреда, суспензија, сообраќајна несреќа, но и покрај тоа на крајот одигра 24 натпревари и запиша еден погодок и две асистенции.

Порано се поврзуваше и со Челси, но Јувентус не сакаше да го продаде, а сега ситуацијата се промени, бидејќи и самиот играч сфати дека е подобро да побара клуб во кој почесто ќе игра.

Јувентус за него на Баерн плати 46 милиони евра летото 2017. година, но формата подоцна му значајно опадна, па неговата вредност сега се проценува на 30-35 милиони евра.

ПСЖ и Јувенјтед влегуваат во трката за неговиот потпис, а не е исклучено да се вклучи и уште некоја екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале: Милан не е на продажба, сакам да ги доведам најдобрите!

Сопственикот на Милан најавува нов финансиски модел преку стадионот, арена во Сан Донато и…