Дома Фудбал Останато ПСЖ и Реал водат битка за спортски директор

ПСЖ и Реал водат битка за спортски директор

Раководството на ПСЖ започна активно да бара нов спортски директор и примарна цел е Луис Кампос, пренесува „АС“.

Португалецот во моментов работи како спортски директор во Лил, кој оваа сезона ја освои титулата во Лига 1. Француските медиуми тврдат дека силен интерес за него покажува и Реал Мадрид, кој веќе стапил во контакт.

Кампос беше спортски директор во Монако во 2017 година кога тимот од Кнежевството стана шампион и тој ја откри сегашната голема ѕвезда Килијан Мбапе.

Кампос имаа многу блиски односи со Мбапе, а тоа е причина плус Реал и ПСЖ да сакаат да го доведат во своите редови.

Притоа, Кампос важи за одличен познавач на фудбалот и за откривање на нови таленти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Игра за ПСЖ и заработува девет милиони евра, а на тренинг дојде со – комбе! (Видео)

Португалскиот играч на средниот ред Жоао Невес (21), дел од тимот на Париз Сент-Жермен, ст…