Дома Фудбал ПСЖ го суспендира Меси на две недели!

ПСЖ го суспендира Меси на две недели!

Пари Сен Жермен го суспендира Лионел Меси за пропуштањето на вчерашниот тренинг на клубот за да отпатува во Саудиска Арабија.

Тренерот Галтие им ветил на фудбалерите два дена одмор ако го победат Лориен во неделата, но после поразот закажал тренинг во понеделникот.

Меси отпатувал во Саудиска Арабија за да ги исполни своите обврски како туристички амбасадор на оваа земја, и тоа го направил без да добие дозвола од клубот.

ПСЖ одлучи да го суспендира на две недели, а Аргентинецот ќе биде и парично казнет поради недисциплина, потврдија француските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…