Дома Топ вести ПСЖ го претстави Галтие, кој ја откри иднината на Нејмар

ПСЖ го претстави Галтие, кој ја откри иднината на Нејмар

Пари Сент Жермен денес и официјално го претстави Кристоф Галтие за нов тренер.

Францускиот стратег потпиша двегодишен договор со „светците“, а првото прашање на пресконферецијата беше за иднината на Нејмар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сакам Нејмар да остане тука со нас. Тој е играч од светска класа, сите менаџери во светот сакаат врвни играчи како него“, истакна Галтие.

„Ова е голема чест за мене, но истовремено и голем предизвик. Знаеме дека амбициите на клубот се големи, предизвикот е да се освои трофејот во Лигата на шампионите. Ќе имам чест да работам со дел од најдобрите светски фудбалери, но ние ќе треба да создадаме тим кој ќе има карактеристичен дух и победнички карактер“, изјави Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скандал: Сакаше да стане газда на Евертон, а сега е обвинет за измама од 500 милиони евра!

Еден од основачите на инвестициската компанија 777 Partners, која имаше амбиција да го куп…