Дома Фудбал Останато Против Хакими официјално покрената истрага за силување

Против Хакими официјално покрената истрага за силување

Против мароканскиот фудбалер и ѕвезда на ПСЖ, Ашраф Хакими, официјално е отворена истрага за силување, соопшти денеска Обвинителството во францускиот град Нант.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Хакими беше сослушан вчера, а потоа ставен под судски надзор и против него е поведена официјална истрага. Се товари дека минатата сабота силувал жена во својот дом во париското западно преградие Булоњ – Биланкорт.

„Паризиен“ објави дека 24-годишната жена отишла во полиција во неделата и тврдела дека Хакими ја силувал во неговиот дом во близина на Париз во саботата. Девојката не поднела официјална тужба, но обвинителството сепак одлучило да го истражи случајот.

Таа во полиција изјавила дека нивната средба излегла од контрола. Според нејзините тврдења, тој ја бакнувал, ја соблекол и имал секс со неа и покрај нејзиниот отпор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На видеото: Бекот на Арсенал ја прегази значката на Атлетико. Симеоне и неговиот син реагираат физички.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, влезе во физички инцидент со Бен Вајт, одбранб…