Дома Фудбал Просинечки: Ривал по мерка, Македонија има добра репрезентација

Просинечки: Ривал по мерка, Македонија има добра репрезентација

На 25 март во Анталија, Турција, македонската фудбалска А репрезентација со почеток од 18.00 часот ќе игра пријателски натпревар против Црна Гора.

Три дена порано избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе тестираат против селекцијата на Молдавија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од февруари селектор на Црногорците е Роберт Просинечки, кој пред дуелот со Македонија, ќе има и контролен меч против Белорусија.

Македонија и Црна Гора до сега се имаат сретнато три пати, исто така во контролни средби. Првата ја добија Црногорците во Подгорица во 2008 година со 2:1, потоа во Скопје во 2010 година триумфиравме со 2:1, а славевме и во 2015 година повторно во нашиот главен град овојпат убедливо со 4:1.

– Резултатот е секогаш важен, но сега не е најважен, особено што сме во период на запознавање и ги играме првите натпревари од моето доаѓање. Мислам дека имаме противници кои ни се по мерка, особено Македонците кои беа на Европското првенство 2020, вистина со друга генерација, но сепак се добра репрезентација.

Белорусите се секогаш незгодни, имаат добри резултати во последно време. Нè чекаат добри два натпревари, каде најважен не е резултатот, туку да направиме многу ротации и сите играат – вели Просинечки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…