Дома Фудбал Пропадна трансферот на Болт во Турција

Пропадна трансферот на Болт во Турција

Поранешниот спринтер од Јамајка и денешен фудбалер Јусеин Болт остана без уште една можност да пронајде нов клуб.

Болт неодамна неуспешно ја заврши пробата во Централ Коуст Маринерс, а од тогаш се поврзува со бројни клубови, а пред неколку дена на ред дојде и турски Сиваспор.

Сепак, од овој клуб се огласија дека не се заинтересирани за ангажирање на овој играч.

Да потсетиме, Болт пред неколку дена изјави дека до крајот на овој месец ќе одлучи дали ќе прифати некоја од понудите кои ги има или ќе се откаже од фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…