Дома Трансфер зона Промотивната фотографија откри уште едно заминување од Баерн

Промотивната фотографија откри уште едно заминување од Баерн

Навивачите на Баерн Минхен забележија дека еден фудбалер недостасува на направената фотографија во склоп на промотивната кампања за „Пуланер“ и „Октоберфест“.

Германските медиуми веќе некое време пишуваа за заминувањето на Хави Мартинез и сега тоа изгледа е потврдено. Мартинез не се појави на фотографијата на која позираа сите играчи на актуелниот европски шампион.

Се очекува Мартинез да се врати во Шпанија и тоа во редовите на Атлетик Билбао. Баерн за неговите услуги би можел да добие оштета од околу осум милиони евра.

За Шпанецот тоа би било враќање во клубот после осум години. За клубот од Баскија Мартинез играше шест години (2006 – 2012), а Баерн го купи за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан пратил скаути за „новиот Модриќ“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил скаути на „Максимир“ за мечот Динамо…