Дома Трансфер зона Промени во Торино: Јувентус добива и две засилувања од Премиер лигата?

Промени во Торино: Јувентус добива и две засилувања од Премиер лигата?

Во редовите на Јувентус во летниот преоден рок ќе има промени, Тијаго Мота пристигнува како наследник на Масимилијано Алегри, Ди Грегорио треба да биде новиот прв голман (Шчесни е пред заминување), преговараат со Аталанта за Компајнерс…

Сега пристигнува информација и дека Јувентус би можел да добие две засилувања од Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Даглас Луиз би можел да пристигне како последен играч за врска, меѓутоа за неговите услуги Астон Вила бара 65 милиони евра. Клубот од Торино се обидел да ја намали цената така што ги понудил Мекени и Илиг Жуниор. Од друга страна Луиз веќе ги договорил личнисте услови со „старата дама“.

Вториот фудбалер со кого преговараат од Премиер лигата е Мејсон Гринвуд. Напаѓачот зад себе има хаотичен период, но во изминатата сезона во Гетафе играше во одлична форма. Наводно, тој веќе изразил желба да се пресели во Торино.

Гринвуд во Јувентус би можел да пристигне на местото на Киеза за кого се шпекулира дека може да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…