Дома Фудбал Англија Промена по дербито: Суперкомпјутерот има нов фаворит за титулата во Премиер лигата!

Промена по дербито: Суперкомпјутерот има нов фаворит за титулата во Премиер лигата!

Мaнчестер Сити и Арсенал вчера одиграа 0:0 во дербито од 30. коло на Премиер лигата. Ливерпул претходно го победи Брајтон со 2:1 и се истакна на врвот на табелата со два бода повеќе од Арсенал и три повеќе од Манчестер Сити, па така во овој момент избраниците на Клоп се во најдобра позиција за титулата..

Суперкомпјутерот на „Опта“, компанија специјализирана за проекции и статистичка обработка на најсилните европски лиги пресмета дека токму Ливерпул ќе биде новиот шампион. Треба да се каже дека сега за првпат од симулациите направени оваа сезона на врвот не е Манчестер Сити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шансите за Ливерпул сега се дури 47,7 отсто, што е за 12,4 отсто повеќе отколку пред 30. коло. Процентот за Манчестер Сити е 33,5, што е помалку од 12,4 отсто од пред вчерашните натпревари, додека Арсенал и понатаму има 18,8 отсто шанси да ја освои титулата.

Да потсетиме, Сити освои пет од последните шест титули, а во 2020 година шампион беше Ливерпул за кој тоа беше прва титула по 30 години. Арсенал последен пат беше шампион пред 20 години, во 2004 година, кога ја освои титулата без ниту еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Три европски гиганти се борат за потписот на Олмо

Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на …