Продолжува конфликтот помеѓу Мохамед Салах и Фудбалскиот сојуз на Египет.
После судирот околу неовластеното користење на ликот на Салах за потребите на рекламирање на еден од спонзорите на националниот тим, фудбалерот откри што се случувало во текот на Светското првенство во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Салах нагласи дека не бара посебни услови за самиот себе туку за целата репрезентација.
„Не се гледам себеси како некој над моите соиграчи и затоа кога зборувам за проблемите во Русија зборувам во името на целиот наш тим. Не сакам да правам проблеми, се што сакам е да ја раскажам својата страна на приказната како што тоа го направи Фудбалскиот сојуз. Кога нешто јас барав, барав за целиот тим“.
„Последниот пат кога бев со репрезентацијата заспав во шест часот наутро. Не можевме да одиме на доручек или ручек во ресотран поради луѓето кои беа таму и ни беше потребно обезбедување. Го баравме тоа, но сојузот никогаш не одговори. Ми кажаа и дека никој не дошол во мојата соба во четири наутра да се слика со мене, можете да ги прашате останатите играчи или хотелското обезбедување за таа ситуација“.
Салах потоа зборуваше и за проблемите при патувањет во Русија.
„Веројатно е размуно да нас не ни пречат во хотелот и во текот на нашите настапи. Исто така патувавме со економска класа во авионот, а тоа е исцрпувачки. Сакам за ваквите работи да зборувам со сојузот, но тие не ми одговараат“, заврши најдобриот фудбалер на Египет.