Дома Македонски спорт Мак ракомет Проблем пред вториот натпревар со Данска: Се повреди Стоилов

Проблем пред вториот натпревар со Данска: Се повреди Стоилов

Репрезентацијата на Македонија нема многу за славје после големата победа над Данска, веќе во недела треба да им гостуваме на Данците во Алборг.

„Црвено-жолтите“ се надминаа себе си и одиграа фантастичен натпревар на дебито на Кире Лазаров како селектор-играч. Сепак сега за вториот натпревар со Данска, Лазаров се соочува со проблем. Од составот отпадна Стојанче Стоилов поради повреда.

Затоа во Алборг Лазаров ќе мора да се потпре на Жарко Пешевски и Никола Маркоски.

Ќе потсетиме претходно пред вчерашниот натпревар за двата дуели отпадна Димитар Димитриоски.

Дуелот помеѓу Данска и Македонија се игра во недела од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Влатко Андоновски: Не знам дали во Македонија воопшто имаше женски фудбал кога заминав за САД

Влатко Андоновски веќе подолго време работи како селектор на женската фудбалска репрезента…