Хрватската фудбалска репрезентација соопшти дека Иван Перишиќ добил позитивен тест на Ковид 19 и моментално е во изолација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова значи дека Перишиќ нема да може да настапи во осминафиналниот натпревар против Шпанија.
Лекарскиот тим на Хрватска потврди дека останатите членови на репрезентацијата не се заразени со Ковид-19 и може да се подготвуваат за дуелот со „црвената фурија“.
Ова е голем удар за „коцкестите“ бидејќи Перишиќ е исклучително важен во тимот на Далиќ.